2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Сандра Булок за ПТСН : Мислев дека ќе умрам ако не побарам помош

Актерката Сандра Булок зборуваше во емисијата Red Table Talk, водена од Џејда Пинкет Смит, Вилоу Смит и Адриен Банфилд-Норис за анксиозноста и ПТСН со која почнала да се бори по 2014 година.

Промената на нејзината здравствена состојба ја предизвикале низата настани со кражбата, за кратко време нејзиниот посвоен син Луис добил епилептичен напад и висока температура, па Сандра мислела дека умира, признала. Неколку дена подоцна ја каснал отровен пајак. Косата набрзо почнала да и опаѓа, што, како што вели, било знак дека нешто не е во ред.

„Откако се случи таа кражба, морав да си кажам – ако не се извлечам од ова, ќе умрам“, рекла Сандра во емисијата. Набрзо побарала стручна помош и почнала со психотерапија.

Во разговор со Џејд, Вилоу и Адриен, Сандра зборувала и за кражбата. Како што тогаш објавија медиумите, актерката слушнала силен удар во сопствениот дом во текот на ноќта во јуни 2014 година. Кога станала да ја заклучи вратата од спалната соба, го видела Џошуа Корбет во темна облека во ходникот.

“Куќата ми беше провалена додека бев во неа. Се скрив во плакарот и си реков – ова нема да заврши добро. Во плакарот сум, нема да ми помогне”, рекла актерката.

Таа додала дека нејзиниот син Луис не бил дома таа вечер, за што е многу благодарна.

“Тоа беше една од оние ноќи кога Луис не беше со мене. Таа вечер нашата дадилка рече дека ќе го однесе во нејзиниот стан во близина на нашата куќа, бидејќи требаше да се вратам дома доцна”, рекла Сандра.

Таа истакнала и дека после тој инцидент никогаш повеќе не можела да биде сама навечер.

“По кражбата никогаш повеќе не бев истата. Се распаднав. Од таа вечер не можев да бидам сама”, додала Сандра.

Џошуа Корбет со години бил опседнат со Сандра Булок. Кога таа вечер бил уапсен од полицијата, го пронашле со писмо на две страници во кое тој ја изразувал својата љубов кон актерката. Од писмото било јасно дека Корбет долго време ја следел актерката додека во него коментирал кога таа доаѓала и си одела од дома.

Откако бил пуштен од установа за ментално здравје во 2017 година, му била изречена трајна забрана да и` се приближува на актерката. Но, една година подоцна тој се самоубил по петчасовен судир со полицијата. Сандра изјавила за Red Table Talk дека „Џошуа го предал системот“.