Сане одби да го продолжи договорот со Манчестер Сити

Германскиот репрезентативец Лерој Сане одби да го продолжи договорот со Манчестер Сити и е подготвен да го напушти „Етихад“, пренесува „Спортс билд“. Сериозен интерес за крилото покажува шампионот на Бундеслигата, Баерн Минхен.

Баварците веќе долго време сакаат да го привлечат 23-годишниот Сане, но шансата за трансфер во текот на летото пропадна откако фудбалерот ги скина лигаментите во коленото во август во натпреварот за Суперкупот на Англија и оттогаш не играл.

Германецот, кој сè уште се опоравува од повредата, има договор со Сити до јуни 2021 година, но сака повеќе време за игра и е подготвен да го напушти тимот ова лето при добра зделка. За време на претходната кампања, тој забележа 47 голови и 18 асистенции на 47 средби, од кои во 17 влезе како резерва.

Се очекува Баерн да плати околу 100 милиони евра за Сане

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.