Сане по повредата останува кај Сити

Лерој Сане сигурно ова лето нема да замине кај Баерн Минхен откако се повреди на натпреварот меѓу Манчестер Сити и Ливерпул.

Офанзивниот играч за врска на Сити се повреди во првата фаза на натпреварот на Суперкупот против Ливерпул, но по лекарските анализи уследија информации дека Сане долго време ќе бида надвор од теренот.

Сините по се изгледа ќе бидат без Сане на првиот дел од сезоната, односно првите шест месеци, ако се земе предвид дека играчот ќе подлегне на хируршки зафат на лигаментите на десното колено.

Оваа информација освен „граѓаните“ ги шокираше и баварците од Баерн кои минатата недела речиси го имаа на своите раце Лерој Сане за кого беа подготвени да одвојат рекордна сума на пари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.