Саниран дефектот на Илинденска

Булварот Илинден вчеравечер беше поплавен кога пукна водоводна цевка, а водата се излеа покрај банката „Прокредит“, па сè до трговскиот центар „Сити мол“.

Дефектот на булеварот Илинден, на раскрсницата со улицата Манапо, е саниран и  водоснабдувањето е нормализирано утрово во 4.25 часот, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.

Вчера жители на повеќе улици во околината немаа вода или имаа намален притисок поради овој дефект.

Булварот Илинден вчеравечер беше поплавен кога пукна водоводна цевка, а водата се излеа покрај банката „Прокредит“, па сè до трговскиот центар „Сити мол“. Излевањето на водата најпрвин направи хаос во сообраќајот, а кога екипи на „Водовод и канализација“ го исклучија притисокот, водата се повлече по што на асфалтот останаа кал и тиња.