Саниран дефектот во РЕК Битола

„Во 14:16 часот од електроенергетскиот систем на РСМ испаднаа Блок 1 и Блок 3 на РЕК Битола, соопштуваат од РЕК Битола.
-Испадот беше последица на испаѓање на блочните прекинувачи во Трафостаницата 400 – Битола 2 во сопственост на АД МЕПСО. Преку таа трафостаница РЕК Битола ја пласира произведената електрична енергија во системот на РСМ.
Во РЕК Битола нема детектирани проблеми, а веднаш по отстранувањето на дефектот во трафостаницата од страна на стручните служби на АД МЕПСО, блоковите ќе бидат приклучени на електроенергетскиот систем“, стои во соопштението на Комбинатот.