Санирана е главната улица во Oпштина Сарај

Eкипи на Град Скопје и ЈП Улици и патишта извршија санација на поголемите оштетувања на коловозот на ул.20 во Oпштина Сарај, односно од влезот кај мостот во Сарај до клучката за патот кон езерото Треска.

Покрај санацијата на оштетувањата на коловозот, интервенирано е и во однос на патната сигнализација којашто на неколку места беше отстранета од непознати причини, а на истите места сега се поставени нови сообраќајни знаци за подобар сообраќаен проток во тој дел од градот и намалување на метежот на тој потег.

Екипите на Град Скопје и ЈП Улици и патишта се секојдневно на терен и секаде каде што граѓаните пријавиле проблем или потреба од било каква интервенција од доменот на патната инфраструктура каде има надлежност се постапува навремено.