ФОТО| Санирани дефектите кои вчера оставија 6.000 корисници без струја во руралните подрачја

Поради обилните снежни врнежи, вчера настанаа прекини во снабдувањето со електрична енергија претежно во руралните средини на Гостивар, Тетово, Кичево, Кавадарци, Делчево, Куманово итн. каде што висината на снегот достигна до половина метар. Како последица на тоа, без електрична енергија вчера останаа околу 6.000 корисници.

Денеска, повеќето дефекти се веќе санирани. Екипите на Електродистрибуција се се уште активни на терен и работат на изнаоѓање на решенија за да стигнат до непристапните проблематични места поради лошите теренски и временски услови, со цел сите дефекти да бидат санирани и снабдувањето да се нормализира за сите корисници од руралните населенија.