Санкции од САД за Кина, Ирак, Русија и Турција поради кршење на договорот за нуклеарно оружје

Соединетите Американски Држави воведоа санкции за 13 субјекти и лица во Кина, Ирак, Русија и Турција поради кршење на договорот за неширење оружје за масовно уништување за Иран, Северна Кореја и Сирија, објави државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

Тој посочи дека се воведени санкции за пет субјекти и лица во Кина и Турција поради поддршка на иранската ракетна програма.

Во соопштението се наведува дека санкциите се воведени за период од две години и дека подразбираат ограничување за државни набавки во САД, помош на американската администрација и извоз во таа земја.

Инаку, во соопштението не  е наведен список на оние кои се најдоа на удар на новите американски санкции.