Санкции за 131 возило за непрописно паркирање во Општина Центар

Во текот на минатата недела ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 131 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

– Во периодот од 30 ноември до 6 декември, со помош на специјалните возила „Пајак” на ЈП ПОЦ отстранети се 101 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор” санкционирани се 30 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, ЈП Паркинзи на Општина Центар.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.