Санкциите од САД и кастрењата на OPEC ја поддржаа нафтата на ново највисоко ниво

Цените на нафтата во вторникот на меѓународните пазари пораснаа на новото највисоко ново во 2019 година, поддржани од кастрењата на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) и нејзините партнери, како и од падот на извозот од Иран и Венецуела поради американските санкции.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 55 центи во однос на затворањето од претходниот трговски ден и изнесуваше 68,09 долари, откако во тргувањето претходно во вторникот достигна највисоко ниво од ноември 2018 година. На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 38 центи повисока цена од понеделникот, од 59,47 долари. Претходно денесека, исто така, порасна на највисокото ниво од ноември 2018-та, од 59,57 долари.

Одвоено OPEC извести дека цената на барелот на референтната кошница нафта на нејзините членки во понеделникот изнесувала 66,87 долари, што значи дека останала речиси непроменета во однос на претходниот трговски ден, односно петокот.

Од OPEC во понеделникот соопштија дека го откажуваат планираниот состанок во април, продолжувајќи ги кастрењата во снабдувањето кои се на сила од јануари до следниот редовен состаник во јуни. Нафтениот картел и групата големи произведувачи предводени од Русија, познати како OPEC+, го намалија снабдувањето во 2019 година за да го сопрат остриот пад на цените кој започна во вторта половина од 2018 година поради растот на американското производство и стравувањата од забавувањето на глобалната економија.

Саудиска Арабија сигнализираше дека OPEC и неговите сојузници би можеле да продолжат со ограничувањето на производството на нафта до крајот на 2019 година. „Договорот на OPEC+ ги стабилизираше цените на нафтата, а сигналите за продолжување ги зголемија цените“, оценува за Reuters Алфонсо Еспарза од брокерската агенција OANDA.

Цените дополнително ги поддржуваат и американските санкции на извозот на нафтата од Иран и од Венецуела. Венецуела го сопре својот извоз на нафта во Индија, една од клучните извозни дестинации, соопшти во вторникот азербејџанскиот минситер за енергетика, циритајќи го својот колега од Венецуела.

Поради стеснетите перспективи на понудата во следните месеци, во Лондон од почетокот на годинава цените на моменталните испораки се поскапи од оние според договорите за блиска иднина. Така, цената на барелот за испораките во мај е за 1,20 американски долари повисока отколку за испораките во декември.

Аналитичарите го следат производството на сирова нафта во САД, коешто од почетокот на 2018 година порасна за повеќе од 2 милиона барели дневно, на околу 12 милиони барели дневно, со што САД станаа најголемиот светски произведувач на нафта пред Саудиска Арабија и Русија. Во среда американската влада треба да го објави својот седмичен извештај со податоците за производството и резервите на нафта.

Во соопштението до коминтентите од вторникот „Bank of America Merrill Lynch“ наведува дека економските „ризици упатуваат дека цените ќе паѓаат“, како и дека „предвидуваат раст на глобалната побарувачка на годишно ниво од 1,2 милиони барели во 2019-та и 1,15 милиони во текот на 2020 година“. Банката објави дека очекува оти „цената на барелот во 2019 година во Лондон и на американскиот пазар просечно да изнесува 70 долари по барел, односно 59 барели“. Во 2020 година предвидуваат дека на лондонскиот пазар тој да чини 65 доалри, а на американскиот 60 долари.