Санкционирани 104 возачи во Скопје

На територија на Скопје вчера се изречени вкупно 104 мерки, меѓу кои за користење мобилен телефон шест санкции, три мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, пет мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат. Од МВР апелираат до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи заради поголема безбедноста во сообраќајот.