Санкционирани 133 возачи во Општина Центар

Министерството за внатрешни работи во акциска контрола од областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден санкционира 133 возачи на територијата на Општина Центар.

Како што информираат од МВР, од вкупно изречените 133 мерки, девет се за возење без возачка дозвола, девет за техничка неисправност и нерегистрирани возила, 12 за користење на мобилен телефон, …

Од МВР посочуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.