Санкционирани 151 возачи за непрописно престигнување, 62 за возење под дејство на алкохол

На територија на државата вчера биле санкционирани вкупно 151 возачи за непрописно престигнување, а 62 возачи за возење под дејство на алкохол, информира МВР.

Исто така, санкционирани се и 446 други прекршоци.

-Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението на МВР.