Санкционирани 174 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (13.05.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 174 возачи.

Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 77 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 97 надвор од населено место.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР.