Санкционирани 331 лице за неносење заштитна маска

Вкупно 331 прекршок за неносење заштита на лице се изречени изминатите 24 часа на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.