Санкционирани 77 возачи за управување под дејство на алкохол

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во текот на вчерашната вечер во периодот од 19.00 до 24.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македонија, при што санкционирани се 77 возачи.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, истакнаа од МВР.