Санта мраз од 315 милијарди тони се одвоила од Антарктик

Саната чијашто тежина е 315 милијарди тони се одвоила во понеделникот од големата ледена плоча Eјмери (Аmery) на Антарктикот, но се чини дека овој настан не е поврзан со климатските промени, објави во понеделникот BBC.

Површината на сантата означена и како D28 изнесува 1,5 квадратни километри.

Стручњаците движењето на толку голем леден блок ќе мора внимателно да го следат, бидејќи може да стане и опасност за пловидбата.

Од Ејмери во раните 1960-те години не се одвоила поголема санта мраз. Таа која тогаш се одвоила, имала површина од 9.000 квадратни километри.

Ејмери е третата најголема ледена плоча на Антарктик и е клучен одводен канал за истоичниот дел од континентот.

Плочите всушност претставуваат продолжетоци на повече ледници кои плутаат кои од копното се суштаат во морето. Одвојувањето на сантите е природен процес со кој ледените плочи ја одржуваат рамнотежата, бидејќи на тој начин се балансираат наносите од нов снег.

Поради тоа научниците однапред знаеја дека ќе дојде до ова одвокување, но подрачјето на кое тоа се случило не било во центарот на нивното внимание.

Професорката Хелен Фрикер од Институтот за океанографија Скрипс истакнува дека овој настан не е поврзан со климатските промено. Сателитските снимки од 1990-те години покажуваат дека Емери бол во рамнотежа, и покрај силното топење преку летата. „Иако има многу причини за загриженост на Антарктикот, поради оваа ледена плоча засега не треба да се крева аларм“, вели Фрикер.

Се проценува дека D28 е дебела 210 метри оти содржи 315 милијарди тони мраз. Оваа санта е инаку е вистинско џуџе споредено со огромната санта А68 коај во 2017 година се одвои од ледената плоча Ларсен. Морските струи и ветровите ќе ја насочат D28 кон запад, и веројатно ќе минат години до нејзиното целосно стопување, велат експертите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.