Сантош: Македонија мора да добие максимална почит, зар тимот кој го победи европскиот шампион не е добар?

Македонската фудбалска репрезентација во вторник од 20 часот и 45 минути и гостува на Португалија во финалето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар. До финалето нашите репрезентативци стигнаа со сензационален триумф над Италија во Палермо, додека Португалците на домашен терен славеа против Турција со 3-1.

Во пресрет на дуелот селекторот на Португалија, Фернандо Сантош имаше само пофални зборови за „црвено-жолтите“. Како што вели искусниот стратег, тимот кој го победи европскиот шампион мора да добие максимална почит.

„Треба да ја покажеме истата почит кон Македонија како и кон Италија. Ви реков пред да играме, овие средби не се шега. Тие се како финале и се може да се случи. Мора да се соочите со тоа со фокус и концентрација каква што заслужува. Тим кој оди во Италија и го победува европскиот шампион, зарем треба да се прашувате дали е добар?“, вели Сантош.