Сараџ: Поради граѓанската војна во Либија речиси милион луѓе би можеле да тргнат кон Европа

ANSA/CLAUDIO ACCOGLI

Новата граѓанска војна во Либија би можела да натера повеќе од 800 илјади имигранти да тргнат кон европските брегови, предупреди во понеделникот челникот на Владата на националното единство (GNA), Фајез ал-Сараџ во разговор за два италијански весника.

„Нема да има само 800.000 мигранти да тргнат и Либијците ќе бегаат од војната, додека на југот од Либија повторнбо се ативираа терористите на организацијата Исламска држава“, вели Сараџ за дневниот весник La Republicca.

Либија, некогашна италијанска колонија, е цел и транзитна земја за африкансктие имигранти кон европските брегови.

„Соочени сме со агресивна војна којашто би можела да го прошири своето зло по Медитеранот. Италија и Европа мора да бидат обединети и остри во запирањето на војната на Халифа Хафтар, човекот кој ја предаде Либија и меѓунарондара заедница“, додава Сараџ и истакнува дека „уништувањата ќе ги зафатат и соседните земји“.

Европското биро за азил (Easo) објави во понеделникот дека политичката криза во Венецуела предизвикала зголемување од 50 отсто од бројот на барањата за азлил кои ги поднеле Венецуелците во Европа во февруари, Тие првпат ги надминале Авганистанците меѓу водечката тројка нации. Зад Сиријције, Венецуелците со близу 4.000 се меѓу најбројните во барањето меѓународна заштита во европските земји, во членките на Европската унија, Швајцарија и Норвешка, се прецизира во соопштението на споменатата организација чие седиште е во Ла Валета на Малта.