Сараево: Барање за формирање непартиска експертска влада

111

На вчерашниот пленум на граѓаните на Сараево се усвоени четири итни барања, меѓу кои е и итно формирање на непартиска експертска влада на Кантоната Сараево.

На втората пленарна седница, одржана во Домот на младите Скендерлија, едногласно е усвоено барање за ревизија на платите и бенефициите на носителите на јавни функции во Кантоната Сараево и нивно балансирање со економската ситуација.

Граѓаните едногласно го поддржале барањето за ревизија на приватизацијата на сите фирми во Кантоната Сараево.

Последното барање се однесува за воспоставување независна комисија на експерти за утврдување на фактите околу настаните на седми февруари, чиј мандат вклучува попис на проценетите штети, како и утврдување на одговорност на полициските службеници за прекумерна употреба на сила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.