Сараево:Експлодираше боца со јаглерод диоксид за време на операција, двајца повредени

На Клиничкиот центар во Сараево се случил инцидент кога за време на операцијата експлодирала боца со јаглерод диоксид.Животот на пациентот не бил загрозен, но полесно биле повредени двајца вработени изјавила портпаролката на Клиничкиот центар, Муамера Шехиќ.

Еден од нив се здобил со полесни повреди како смрзнатини на рацете, а друиот е упатен на дијагностика на Клиниката на ургентаната медицина, изјавила Шехиќ.

Како што нагласила портпаролката, боцата уредно била атестирана од надлежна институција која веќе ја контактирале за да го отстрани дефектот.