Сараевски имам повикува на терористички напади во Република Српска

Сараевски имам повикува на терористички напади во Република Српска
Сараевски имам повикува на терористички напади во Република Српска

Имамот на џамијата „Крал Фах“ во Сараево, Незим Халиловиќ Мудерис во неколку наврати, во верските предавања, повикувал на терористички напади во името на Алах, во Република Српска.

Тој повкувал да се урне Република Српска, бидејќи била „ентитет создаден на злосторство и геноцид“, пишува „Глас Српске“.

Халиловиќ пред комемрацијата на 11 јул во Поточари, кога беше нападнат премиерот на Србиј, Александар Вучиќ, во верско обраќање, го повикувал Алаховото проклетство на „злосторниците и нивните помагаќи, на лобистите против резолуцијата за Сребреница“.

Професорот за безбедност на колеџот во Бањалука, Предраг Ќеранчиќ, истакнал дека Обвинителството на БиХ и безбедносните институции веќе требало да реагираат на заканите кои ги упатил имамот и дека сите показатели зборуваат дека терористички напади во Реублика Српска се многу можен.