Сарамандов: Ќе го вратиме приматот на најперспективен град, гарантирам многу работа, посветеност и отчетност при реализирање на проектите во Гевгелија

Најпрво да им се заблагодарам на моите гевгеличани за огромната поддршка и убедливата победа во првиот круг од локалните избори во општина Гевгелија, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Андон Сарамандов, кандидат за градоначалник на Гевгелија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Победивме и покажавме дека Гевгелија сака промени. Јас и мојот тим се обврзуваме да му го вратиме на Гевгелија приматот на најперспективен град во Република Македонија. Затоа ги повикувам моите сограѓани на масовна излезност во вториот круг, само така ќе ја вратиме Гевгелија на вистинскиот пат. Во следните четири години гарантирам многу работа, посветеност, отчетност и реализирање на проекти, вели Сарамандов.