Сарамандов: Во Гевгелија приоритет е изградба на нова градинка и реконструкција на спортскиот објект „Партизан“

Во мојата програма за претстојните локални избори, ќе посветам посебно внимание на создавање подобри услови за живеење на младите од Гевгелија, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Гевгелија од ВМРО-ДПМНЕ, Андон Сарамандов.

-Изградба на нова детска градинка во Урбан блок 7 и реконструкција на спортскиот објект ДТВ ,,Партизан” од Гевгелија се приоритети во мојата програма. Со изградбата на нова детска градинка во Урбан блок 7 ќе обезбедиме доволно места за згрижување на најмладите од Гевгелија. Нова детска градинка по сите стандарди, преуредување на внатрешноста и надворешноста за безбедно и содржински исполнето детство на најмладите.

Реконструкцијата на ДТВ ,,Партизан” во Гевгелија со должно внимание и респект кон резултатите и спомените на неколку генерации гевгеличани од неговото работење. Тука се направени првите обиди во гимнастиката, каратето, во кик-боксот, во пинг-понгот и тука се направени првите успеси на спортистите од Гевгелија. Со неговата обнова, ќе се создаде поширок амбиент за дружење и социјализација на најмладите од Гевгелија, вели Сарамандов.