Сари ги прекори играчите на Јуве за бавна и неагресивна игра во Лион

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, по поразот од Лион во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите (0:1), истакна дека на неговиот тим му недостасува агресија во нападот.

„Во првото полувреме бевме многу бавни. Во вториот дел беше многу подобро, но во Лигата на шампионите едно добро полувреме не е доволна. Не знам зошто играчите не разбраа дека треба да ја придвижиме топката побрзо. На последниот тренинг пред мечот тоа го правеа многу побрзо. Ни недостасуваше агресија и одлучност во нападот. Сè требаше да биде поинаку“, изјави Сари.

Реваншот во Торино е на 17 март.