Сари не се ракуваше со Гвардиола по дебаклот на Челзи

Тренерот на Челзи, Маурицио Сари, не се ракуваше со колегата од Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по поразот во натпреварот од англиската Премиер лига.

Шпанецот тргна кон Сари на поздравување како што е вообичаено по завршувањето на натпреварите, но италијанскиот стручњак не се ни сврти кон него и си замина во соблекуваните.

Челзи вечерва загуби од Манчестер сити со 6:0 што е негов највисок пораз уште од април 1991 година. Тогаш сините загубија од Нотингем форест со 7:0.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.