Саркози пред судот изјавил дека не сторил ништо неисправно

Пораншениот француски претседател Николас Саркози изјавил во текот на судењето по обвинението за нелегално финансирање на неговата неуспешна изборна кампања во 2012 година, дека не сторили ништо неисправно.

Со голема доза на пркос Саркози рекол на судот дека не бил вклучен во логистиката на својата кампања за вториот претседателски мандат, ниту во тоа како парите се трошеле во предизборната кампања.

„Дали сум имал намера да сторам измама, да сторам нешто лошо? Дали сум бил непретпазлив: Невнимателен? Мојот одговор е најобичниот – не на сето тоа. Од моментот кога ми кажаа дека работите се во ред, немав повеќе причини да размислува за тоа“, рекол Саркози пред судот.

Шеесет ишестгодишниот Саркози на судијата им рекол дека бил одговорен за политичката насока на својата кампања, но не и за организацијата на собирите, подготовката на предизборниот материјал и за плаќањето на сметките.

Обвинетилите, пак, тврдат дека конзервативната партија на Саркози, која во меѓувереме се преименуваше во Републиканци, на „екстравагантните“ предизборни митинзи потрошила двојно повеќе од 22,5 милиони евра дозволени со изборниот законик, а потоа ангажирала „пријателка“ агенција за односи со јавноста да ги сокрие трошоците.

Но обвинителите во своето обвиненије признаваат дека нивната истрага не усепала да докаже дека Саргози бил организатор или дека учествувал во таквата шема, но тврдат дека „од тоа имал полза“ и дека „морал да биде свесен за тоа“.