Саркози: Случајот против мене е политички

Поранешниот претседател Никола Саркози изјавил дека францускиот судски систем се користи за “политички цели”, откако тој беше ставен под формална истрага за вршење влијание врз судија. Се тврди дека Саркози барал инсајдерски информации од судија за истрага за нелегално финансирање на кампањата.

Во светските медиуми се коментира различно, едните велат дека обвинувањето на Саркози покажува дека елементи на левото крило во судството се обидуваат да го урнат и да го спречат неговото враќање во политиката, додека
противниците на поранешниот претседател велат дека контра-нападот е типичен за Саркози и е обид да се одврати вниманието од обвиненијата, јавуваат дописниците на светските медиуми.

Саркози во интервјуто, кое беше снимено за ТФ1 телевизија и Радио Европа 1 и беше емитувано вчера вечер Саркози изјавил: “Ситуацијата е доволно сериозна за да му кажам на францускиот народ каде стоиме денес на политичката експлоатација на дел од правниот систем. Јас им велам на сите оние кои се слушаат или гледаат дека никогаш не сум ги предал и никогаш не сум извршил дело против принципите на Републиката и владеењето на правото.”
Саркози рече дека е “длабоко шокиран” од истрагата и тој го обвини Синдикатот  дека се обидува да го уништи.
“Сè ​​што е направено е за да ми се наштети на репутацијата, со обвинувања кои не се точни”, рече тој.
Саркози додаде: “Во нашата земја, која е земја на човековите права и владеењето на правото, постојат работи кои се организирани. Французите треба да знаат што се и според совеста и слободата, да судат што да прават со тоа.”

Во телевизиското интервју, Саркози го негирал извршувањето на било какво незаконско дело.
Тој рекол дека е “гротескен” случајот против него и дека бил наменет да го понижи и да му наштети на неговиот углед.
Г-дин Саркози беше уапсен во вторникот на испрашување – тоа е прв пат поранешен француски шеф на државата да се држи во полициски притвор.