САД испратија бродови во Јужнокинеското Море

Два амаерикански носачи на авиони во саботаа учествуваа во воени маневри во спорните води на Јужнокинеското Море, потврди воената морнарица на САД, додека истовремено Кина во истата овласт спроведува воени вежни кои беа критикувани од Вашингтон и неговите сојузни во регионот.

Кина и САД меѓусебно се обвинуваат за зголемување на тензиите во овој стратешки поморски првец во времето кога односите меѓу двете сили и оната се обременети по низа прашања, од пандемијата со коронавирусот, технологијата, трговијата и статусот на поранешната британска колонија Хонгконг како кинеска автономна провинција со посебен статус.

Во Јужнокинеското Море впловија носачите на авиони „USS Nimitz“ и „USS Ronald Reagan“, кои ги следат поголеми групи бродови, за „да го поддржат слободниот и отворен простор на Индискиот Океан и Пацификот“, соопшти американската воена морнарица.

Во соопштението не е наведена точната локација на одржаните вежби во Јужнокорејското Море кое се протега на далечина од 1.500 километри. Кина, како и соседните земји, полага право на 90 отсто од ова море.

„Намерата ни е да им испратиме недвосмислената порака на нашите партнери и сојузници дека се грижиме за регионалната безбедност и стабилност“, истакна во писмената изјава контраадмиралот Џорџ Викофф. Појаснува дека вежбите не се одговор на кинеските воени маневри.

Пекинг ги отфрли критиките од САД дека неговите вежби се 2контрапродуктивни и не придонесуваат за намалување на тензиите и одржување на стабилноста“. САД, исто така, истакнуват дека редовно изведуваат вежби во западен Пацифик, вклучително и во Јужнокинеското Море.

Кина на 1-ви јули ги започна петдневните воени маневри кај архпелагот Парасел, на кој право полагаат и Пекинг и Виетнам, а на критиките кон Кина се придружија и Филипини, Малезија, Брунеи и Тајван.

Споменатите острови се богати со нафта и гас.

Со децении Пекинг води спорови со неколку земји во Азиско-пацифичкиот регион за териротијалната надлежноста на редициа острови во Јужнокинеското Море, каде што се откриени значителни резерви од јаглеводороди. Кина, како и повеќе земји во регионот Јапонија, Виетнам, Филипини и Тајван, сите сојузници на САД, се спорат околу поморските граници и зоните на надлежност во водите на Јужното и на Источното Кинеско Море, низ кои минуваат важни поморски правци преку кои се одвива трговија која на годишно ниво изнесува 5 билиони американски долари.

Станува збор главно за архипелазитра Сиша (Парацелските острови), Нанша (Спратли) и Гиангјанф (ртот Скарноро).

САД не се страна во територијалниот спор, но не го признаваат тврдењето на Кина која ја обвинуваат дека во споменатите води гради вештачки гребени и острови на кои иснталира воена опрема, и инсистриаат на своето право на „слободна пловидба“ во регионот.