Сашо Мијалков ќе биде на слобода за 60 дена

Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, кој доби 12 години затворска казна за случајот „Таргет-Тврдина“, оди во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, до правосилноста на пресудата. Но според Законот за кривична постапка, притворот не може да трае повеќе од 60 дена.

Според тоа, откако ќе помине тој периот, притворот се укинува до правосилност на пресудата.
Доколку се суди според тоа што судскиот пат до правосилност на пресудата во Македонија е прилично долг, особено за одредени судски случаи, може да се заклучи дека Миајлков по истекување на рокот за притворот, ќе биде на слобода.

„Се укинува мерката куќен притвор. Се определува мерка притвор до правосилноста на пресудата, но најдолго 60 дена. Против него е поднесен обвинителен предлог, па согласно Законот за кривична постапка (ЗКП), притворот може да трае најмногу 60 дена. Мијалков да биде примен во затвор КПУ Скопје. Веднаш да го земат Мијалков од адресата каде што му е одредена мерката куќен притвор, и да се однесе во притвор“, информираше судијката Џенета Бегтовиќ.

Ова се пресудите за обвинетите во случајот „Таргет-Тврдина“”

Горан Грујевски ги сторил кривичните дела „злосторничко здружување“ , „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ единствена казна затвор од 15 години.

Тони Јакимовски за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ единствена казна затвор од 6 години.

Гордана Јанкулоска за „злоупотреба на службената положба и овластување“ затворска казна од 4 години.

Никола Бошковски за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“ доби единствена казна затвор од 15 години

Сашо Мијалков за „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“ доби единствена казна затвор од 12 години.

Надица Николиќ за „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ – единствена казна затвор од три години.

Владимир Варелов за „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување” е условно осуден.

Маријан Шумуликовски за „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување” доби условна осуда.

Силвана Златкова за „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување” доби условна осуда.

Васил Исаковски доби условна осуда и Валентина Симоновска за сторено кривичнo делo „фалсификување службена исправа“ доби условна осуда.