Сашо Мијалков стана дедо, доби внука

Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков стана дедо. Вчера сопругата на неговиот постар син, Јордан Мијалков, Анастасија родила женско бебе.

Веста дека Мијалкови добиле принова беше обајвена на социјалните мрежи, а веста ја сподели сестрата на Анастасија, Александра, партнерка на актерот Атанас Атанасовски, со кој има две деца.

Пред еден месец младоженците имаа свадбена веселба со своите најблиски роднини и пријатели.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.