Сашо Тасевски останува уште четири години директор на Бирото за јавна безбедност

136

На денешната седница владата го прифати предлогот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Сашо Тасевски да биде именуван за директор на Бирото за јавна безбедност.

– На денешната седница на владата го предложив досегашниот директор на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, за нов четиригодишен мандат, при што предлогот беше едногласно усвоен, објави Спасовски на Фејсбук.

Тој му посака на Тасевски да продолжи со раководењето со БЈБ како и досега, со, како што наведува, успешни резултати во намалување на криминалот и враќањето на довербата на граѓаните во македонската полиција.

– Многу е важно во секој момент да ги имаме вистинските луѓе на вистински места, одговорни и чесни луѓе кои доверената раководна позиција ја извршуваат со сериозна одговорност пред граѓаните и државата – пишува Спасовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.