Сашо Мијалков излегува од куќен притвор

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, ќе се брани од слобода. Домашниот притвор, кој му беше одреден за предметот на СЈО познат како „Титаник 2“, по изрекувањето на пресудата заврши денес, односно по изминати 60 дена од изрекувањето на притворот.

Од Кривичниот суд соопштуваат дека со одлуката за укинување на куќниот притвор, на Мијалков му се изречени мерки на претпазливост: одземен му е пасошот, добил забрана за напуштање на државата со лична карта, но и обврска еднаш неделно да се јавува во судот.

Против одлуката на судот, СЈО има право на жалба до Апелација.