Сашо Мијалков се појавил во седиштето на ВМРО ДПМНЕ, како поддршка за Христијан Мицкоски

Поранешниот фукнционер на ВМРО ДПМНЕ, Сашо Мијалков, вечерва се појавил во седиштето на партијата пред започнување на состанокот на Централниот комитет за да му даде поддршка на претседателот Христијан Мицкоски, неофицијално дознава НетПрес.

Извори од партијата велат дека Мијалков се појавил неочекувано и како што самиот рекол дошол да му даде подршка на Мицкоски и да објасни дека воопшто не се точни информациите оти тој наводно подготвувал смена на првиот човек на ВМРО ДПМНЕ, како што претходно денеска објавуваа медиумите блиски до СДСМ, а тој потоа јавно демантираше. Исто така, побарал единство меѓу членството, бидејќи рекол дека тоа е нешто што во овие моменти е најпотребно. Но, бил и категоричен во својот став дека не сака да се меша воопшто во одлуките и чекорите на Мицкоски и раководството на партијата.

Според нашите сознанија, Мијалков не останал многу долго во седиштето на ВМРО ДПМНЕ и нема информација со кого се’ тој имал средби додека бил таму.