Сасуoло подобар од Болоња

ANSA / ELISABETTA BARACCHI

Фудбалерите на Сасуоло пред своите навивачи ја совладаа Болоња со 3:1 во премиерниот дуел од 12-то коло на италијанското првенстгво.

Двоен стрелец за домашните беше Франческо Капуто, во 35 и 76 минута, а еднаш погоди Жереми Бога во 69 минута, додека за гостите погоди Рикардо Орсолини во 71 минута.

Сасуоло со 13 бодови е на 11-то место, додека Болоња со бод помалку е место подолу на табелата. Води Јувентус со 29 бодови, еден повече од вториот Интер и седум пред третопласираната Рома.

Во среда се играат три натпревара во кои се среќаваат Бреша – Торино, Интер – Верона и Наполи – Џенова. Неделната програма ја отвора дуелот Калјари – Фиорентина, па следуваат попладневните мечеви Лацио – Лече, Сампдорија – Аталанта, Удинезе – СПАЛ и Парма – Рома, а вечерта е резервирана за дербито Торино – Милан

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.