Сасуоло со пресврт се искачи на второто место

Во првиот дуел од петтото коло на италијанското фудбалско првенство, Сасуоло како домаќин го совлада Емполи со 3:1 (1:1), и со новите три бода привремено се искачи на второто место на табелата.

Гостите поведоа уште во 20-та секунда од натпреварот преку Капуто и создадоа во првите десетина минути уште неколку опасни ситуации пред противничкиот гол, но веќе во 13 минута израмни Боатенг. Во второто полувреме Сасуоло преку Ферари во 57 и Ди Франческо во 81 минута стаса до целосен пресврт.

Сасуоло има 10 бодови, два помалку од водечкиот Јувентус, а еден повеќе од второто големо изненадување сезонава СПАЛ и Наполи кои имаат и меч помалку, додека Емполи останува на дното од табелата 17-ти е со четири бодови.

Во сабота на програмата се три дуела, и тоа Парма – Калјари Фиорентина – СПАЛ и Сампдорија – Интер. Колото во недела продолжува со средбите Торино – Наполи, Болоња – Рома, Лацио – Џенова, Киево – Удинезе, Милан – Аталанта и Фросиноне – Јувентус.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.