Сасуоло храбро до 3:3 против Јувентус

255
, 15 July 2020. ANSA /ELISABETTA BARACCHI

Фудбалерите на Јувентус ја зголемија предноста на врвот на табелата од италијанската Сераја А пред второпласираната Аталанта на седум бодови, благодарејќи на ремито 3:3 на гости кај Сасуоло во средбата од 33-то коло.

Јувентус одлично го отвори гостувањето кај Сасуоло, кој во последните кола покажа одлична форма, и по 12 минути имаше водство од 2:0. Прво Данило во 5 минута со прецизен удар од 16 метри го совлада Консиљи, за потоа Игуаин во 12 минута да го реализира убавото додавање на Пјаниќ.

Но Сасуоло се созема по лошиот старт и во вториот дел од првото полувреме беше подобар тим, а ја круниса со голот на Џуриќиќ во 29 минута. На почетокот од второто полувреме во 51 минута, Берарди изрмани на 2:2 со одлично изведен слободен удар, а само три минути подоцна неговото нафрлување Капуто го спроведе во гостинската мрежа за целосен пресврт. Но и водството на Сасуаоло траеше само 10 минута, откако во 64 минута Алекс Сандро по изведен корнер со глава израмни на конечните 3:3.

Јувентус сега има 77 бодови, седум повеќе од Аталанта, која во вторникот ја совлада Бреша со 6:2, а осум повеќе од третиот Лацио кој на гостувањето кај Удинезе одигра само 0:0. Ова беше четвртиот последователен меч на Лацио без победа, но римјаните барем ја прекинаа низата од три пораза. Сасиолот е осми со 47 бодиви, а Удинезе е 15-ти со 36 бодови.

Рома на својот „Олимпико“ ја совлада Верона со 2:1. Домашните поведоа преку пеналот што го реализираше Вертут во 10 минута, и на Џеко во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме, а Песина во 47 минута ефектон со петица намали на 2:1.

Петтата Рома има 57 бодови, четири повеќе од шестиот Наполи и седмиот Милан, додека Верона е деветта со 43 бодови.

Фиорентина има гостинска победа кај Лече со 3:1, со што практично го осигури опстанокот. Киеза во 6 минута со одличен погодок во самиот горен агол ги доведе гостите во водство,а победникот бепе репен во последните минути од првото полувреме, кога Гезал во 38 од сободен удар и на Кутроне во 40 минута од контранапад зголемија на 3:0, откако претходно Пулгра промаши пенал. Шахов во 88 минута го ублажи поразот на Лече.

Фиорентина сега е 13-та со 39 бодови, десет повеќе од 18-то Лече коие се наоѓа во зоната на испаѓање.

Во четврток Џенова на Горан Пандев ќе се обиде на гостувањето кај Торино да обезбеди опстанок во Серија А, а во вториот меч се среќаваат СПАЛ и Интер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.