Сасуоло и Удинезе одиграа без победник

Mapei Stadium in Reggio Emilia, Italy, 06 November 2020. ANSA /SERENA CAMPANINI

Седмото коло во италијанското фудбалско првенство во петокот вечерта започна со дуелот меѓу Сасуоло и Удинезе кој заврши со поделба на бодовите но без постигнат погодок.

Саусуло во потпросечниот според прикажаното натпревар ја испушти можноста со победа барем привремено да се искачи на врвот на Серија А, па така со 15 бодови остана второпласиран со бод помалку од водечкиот Милан. Во зависност од резултатите кои во ова коло ќе ги постигнат Јувентус и Аталанта, кои заостануваат три бода, Сасуоло може да падне и до петтата позиција. Удинезе, пак, со само четири бодови и натаму е претпоследен 19-ти.

Во сабота на распоредот се три натпревара, а играат Калјари – Сампдорија од 15 часот, Беневенто – Специја во 18 и Парма – Фиорентина во 20,45 часот.

Неделната програма точно напладне ја отвора дербито во кое Лацио го пречекува Јувентус. Во 15 часот ќе започне уште еден дерби меч меѓу Аталанта и Интер, а во истиот термин ќе се одиграат и натпреварите Џенова – Рома и Торино – Кротоне. Во 18 часот ќе стартува дуелот Болоња – Наполи а мечот кој ќе го затвори колото ќе се одигра од 20,45 часот во кон Милан е домаќин на Верона.