Сасуоло со „минималец“ против Верона

ANSA/FILIPPO VENEZIA

Во првиот натпревар од деветтото коло на италијанското фудбалско првенство, Саусоло како гостин со 1:0 беше подобар од Верона.

Во динамичен натпревар во кој двата противника ја имаа иницијативата во едно полувреме, гостите беа посреќни за голот на Филип Ѓуричиќ во 51 минута.

Сасуоло моментално е 13-ти со девет бодови, а Верона со исто толку бодови привремено е на две места подолу.

Во сабота се играат три меча, и тоа Лече – Јувентус, Интер – Парма и Џенова – Бреша. Во недела играат  Болоња – Сампдорија, Аталанта 0 Удиензе, Торино – Калјари, СПАЛ – Наполи, Рома – Милан и Фиорентина – Лацио.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.