Саудиска Арабија ја стопира изградбата на нови нафтени капацитети

Саудиска Арабија одлучи да ги замрзне плановите за проширување на капацитетот за производство на нафта поради енергетската транзиција, изјави во понеделникот министерот за енергетика.

Кон крајот на јануари, саудиската влада ѝ нареди на државната нафтена компанија „Aramco“ да го замрзне планот за проширување на капацитетите за производство на нафта и да се насочи кон максимален одржлив капацитет од 12 милиони барели дневно (bpd), милион помалку од она што беше зацртано за 2020 година. Целта требаше да биде постигната до 2027 година.

„Мислам дека ја одложивме оваа инвестиција само, едноставно затоа што сме во транзиција“, изјави принцот Абдулазиз бин Салман.

Освен во нафта, „Aramco“ инвестира и во природен гас, петрохемиски производи и обновливи извори на енергија, потсети саудискиот функционер.

Ријад сака да ги намали емисиите на нето нула до 2060 година, а „Aramco“ најави дека сака да ја постигне таа цел во своето работење до 2050 година.

Во случај на големи прекини во глобалното снабдување поради конфликти или природнитен капацитети, Саудиска Арабија има „огромен“ резервен капацитет за производство на нафта, истакна принцот Абдулазиз бин Салман.

Членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта и нивните сојузници големите самостојни извозници предводени од Русија познати како OPEC+, го ограничуваат производството за да ги стабилизираат цените на меѓународните пазари. Според договорот на групата, Саудиска Арабија произведува околу три милиона барели дневно помалку од максималниот одржлив капацитет од 12 милиони барели дневно.

„Подготвени сме да ги прилагодиме капацитетите, да ги зголемиме или намалиме, во зависност од потребите на пазарот“, нагласи саудискиот функционер.

Извршниот директор на „Aramco“, Амин Насер, изјави дека очекува побарувачката на нафта да се зголеми на 104 милиони барели дневно оваа година. Според него, во 2025 година би требало да се лизне на 105 милиони барели дневно. Во 2023 година, според податоците на OPEC, изнесувала рекордни 102 милиони барели дневно.