Саудиска Арабија и Кина може да се договорат за плаќање на нафтата во јуани

Саудиска Арабија ја разгледува можноста да го употребува кинескиот јуан наместо американскиот долар за дел од исплатите за испораките на нафта во Кина, објави во вторникот американскиот деловен весник The Wall Street Journal повикувајќи се на свои информирани извори.

Во написот се забележува дека тавкиот потег би можел да ја ослаби доминацијата на американската валута на глобалниот енергетски пазар, како и да го демонстрира зближувањето на Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта, со нејзините партени во азиско-пацифичкиот регион. Преговорите меѓу Ријад и Пекинг за пренесување на барем дел од нафтените договори во јуани се интензивирале по долга пауза, бидејќи саудиските власти и претставниците на крупниот бизнис „се сѐ понезадоволни“ од надворшната политика на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

За таквата можност двете страни разговаеале речиси шест години, но дијалогот на темата се интензивирал во 2022 година. Кина купува повеќе од 25 отсто од целата нафта којашто ја извезува Саудиска Арабија, па доколку испораките бидат реализирани во јуани, Пекинг ќе може значително да го зголеми уделот на својата национална валута во меѓународното порамнување и, последователно, да ја зголеми нејзината важност за светската економија, забележува WSJ.

Се додава и дека разговорите за користење на јуанот во исплатите меѓу Пекинг и Ријад се одвива во заднината на заладувањето на односите меѓу заливската монархија и САД.

„Динамиката (во односите) драматично се промени. Односите на САД со Саудиска Арабија се сменија, (додека) Кина се појавува како најголемиот увозник на нафта на светот и на кралството му нуди многу профитабилни стимулации“, рекол за весникот неименуван саудиски извор запознает со текот на преговорите.

Истовремено друг извор на The Wall Street Journal во американската администрација ја опишал идејата за прифаќањето на јуанот во нафтените зделки со Кина „агресивна“ и „малкуверојатна“. Според него, таквата можност била дискутирана и во минатото, кога имало уште појасни тензии во односите меѓу Вашингтон и Ријад, во прв ред предизвикани со убиството на саудискиот дисидентски новинар Џамал Кашоги.

Кашоги, остар критичар на саудиското кралско семејство и кој поради тоа беше принуден да оди во егзил во САД исчезна во декември 2018 година во саудискиот конзулат во Истанбул. Американското разузнавање објави материјали според кои саудиската тајна служба по наредба на принцот престолонаследник Мохамед бин Салман Ал Сауд го ликвидирала Кашоги. Ријад во почетокот негираше, но подоцна призна дека новинарот настрадал наводно во несреќен инцидент со саудиското обезбедување.

Покрај тоа, плаќањата на големите испораки на нафта во јуани може да ја разниша екомомијата на монархијтата, чијашто валута ријалот е врзана за американскиот долар. Во тој контекст советниците на принцот бен Салман го предупредуваат да не носи избрзана одлука којашто може да има непредвидливи економски последици.