Саудиска Арабија конечно му ја честиташе победата на Бајден

Кралот Салман и принцот престолонаследник Мохамед бин Салман, кои развија блиски односи со американскиот републикански претседател Доналд Трамп, доцна ноќта во неделата упатија честитја до објавените претседател и потпретседателка на САД, демократите Џо Бајден и Камала Харис, објави службената саудиска новинска агенција SPA.

Последниот челник од арапските монархии во Персискиот залив кој реагираше на американските претседателски избори, кралот Салман упатил „најдобри желби за успех“ и потсетил на „историски блиските односи меѓу двете земји и пријателските народи“, пренесува агенцијата SPA.

Принцот Мохамед посакал „уште повеќе напредок во САД“ и навел дека се „надева на продолжување на соработката на двете пријателски држави“.

Престолонаследниот принц и дефакто челник на саудиската монархија одржуваше блиски односи со претседателот Доналд Трамп и неовиот зет и советник Џаред Кушнер, особено поради нивната ненаклонетост кон шиитски Иран, историскиоти регионален ривал и непријател на сунитската Саудиска Арабија.

По затегнатите односи со поранешниот американски претседател Барак Обама, чиј потпретседател во двата мандата беше Џо Бајден, Ријад ја имаше отворената поддршка од администрацијата на Трамп, особено поради големите набавки на американско оружје.

Бајден во текот на кампањата вети дека ќе ги преиспита односите со Саудиска Арабија и ќе гарантира дека Америка не се откажува од своите вредности за да продаде оружје или да купи нафта“.

Саудиска Арабија не реагираше на таа изјава на Бајден, а досега ниту откако тој медиумски беше објавен за победник на претседателските избори а голем број челници во светот побраза да му честитаат признавајќи го за избран претседател на САД.