Саудиска Арабија овозможува аџилак од странство за одреден број вакцинирани аџии

Од утре Саудиска Арабија ќе започне постепено да прима барања од вакцинирани странски аџии за умра (мал аџилак), откако не ги прими една и пол година поради пандемијата на коронавирус, соопштија денеска локалните медиуми.

Со капацитет што постепено ќе се зголеми на два милиони аџии, со 60.000 аџии месечно, Мека и Медина ќе започнат да ги поздравуваат посетителите од странство во нивните џамии додека остануваат во сила мерките на претпазливост против Ковид-19.

Официјален претставник на Министерството за аџилак и умра изјави дека домашните и странските аџии ќе треба да приложат потврда за вакцинација против Ковид-19 и тоа со некоја од вакцините одобрени во таа земја.

Вакцинираните аџии од земјите на кои им е забранет влез во Саудиска Арабија ќе мора да бидат ставени во карантин по пристигнувањето.

Умра, аџилак во Мека што може да се направи во секое време од годината, повторно беше отворен во октомври за локалните аџии.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.