Саудиска Арабија прикажа ‘неоспорни докази’ за иранската агресија

Саудиското министерство за одбрана ги презентираше во средата остатоците од дронови и крстосувачки ракети за коишто тврди дека ја докажуваат наводната вмешаност на Иран во саботните напади врз две најголеми нафтени постројки во Саудиска Арабија, пренесуваат агенциите.

Покрај другите делови од беспилотните летала и проектили, портапролот на саудиското министерство за одбрана Турки ал-Малки, покажал дел од крило од дрон за кој тврдел дека е ирански.

„Податоците кои ги извлековме од компјутерот (на дронот) покажуваат дека е ирански“, рекол ал-Малки на прес конференција.

Саудиското министерство за одбрана тврди дека 18 дронови и седум крстосувачки ракети ги погодиле целите од насока којашто го исклучува Јемен. Меѓутоа, додаде дека поединостите за локациите од кои овие летала и проектили биле лансирани сѐ уште не може да бидат објавени.

Одоговорноста за нападите ги презема милицијата „Ансар Ала“, на побунетото шиитско јеменско племе Хути кое го поддржува шиитски Иран, а како одмазда за нападите од страна на сунитската арапска коалиција предводена од Саудиска Арабија која се вмеша во 2015 година во јеменскиот граѓански конфликт на страна на владата.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео подоцна во средата во Саудиска Арабија да се сретне со синот на кралот Салман, престолонаследникот Мохамед бин Салман. Претседателот на САД, Доналд Трамп најави во средата построги санкции против Иран, кого го смета одговорен за нападите, додека Техеран одлучно ги отфрла ваквите обвинувања.

Вашингтон ја спроведува кампањата на „максимален притисок“ врз Иран октако во мај 2018 година се повлече од нуклеарниот договор кој Иран во 2015 година го потпиша со шесте светски сили. Тензиите од последните неколку месеци се заострија дополнително откако во саботата со беспилотни летала беа нападнати клучните саудиски нафтени постројки кои веројатно доста оштетени, Иако Хутите повторно ја праземаа одговорноста за нападите, кои беа последните во низата ракетирања на саудиска инфраструктура, САД и Саудиска Арабија тврдат дека зад нападите стои Иран чиишто власти во средата и со писмо официјално го негираа тоа.

Саудиска Арабија во средата соопшти дека ќе изнесе докази коишто според Ријад ја поврзуваат власта во Техеран со нападот без преседан врз нафтената индустрија. Арапската страна веќе објави прелиминарни резултати според кои нападот не дошол од Јемен, и покрај тврдењата на тамошните бунтовници кои тврдат дека нападот го извеле со десетина дронови.

Снимките од оштетувањата во нафтената постројка во Абкаик покажаа 17 одвоени експлозии, што во Ријад се толкува дека биле користени повеќе дронови или дека во нападот не се користени само дроновите од типот „Sammad-3“, кои се познати како „дронови самоубијци“ или „дронови камикази“. Станува збор за ткн „талкачко вооружување“ кои извесно време го прелетува подрачјето на кое се наоѓаат целите, бара точно одредена мета, и ја напаѓа кога ќе ја лоцира. Хутите на почетокот од јули изведоа симболична воана изложба на која ги претставија новите дронови и крстосовачки проектили со кои располагаат, меѓу кои борбените дронови „Sammad-3“.

Американски функционери тврдат дека нападот дошол од југозападниот дел на Иран. Висока американски функционер го повика Советот за безбедност при ОН со резолуваија да одговори на нападот врз Саудиска Арабија, но се смета дека тоа тешко ќе биде остварливо, имајќи предвид дека Русија и Кина, кои имаат право на вето ќе им возвратат на САД за неодобрувањето на некои нивни претходно предлози и оти ќе застанат зад Иран.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.