Саудиска Арабија и Бахреин ги поздравија барањето на Трамп до Катар

215

Саудиска Арабија и Бахреин ги поздравија во саботата барањето на американскиот претседател Доналд Трамп упатен до Катар да престане да го поддржува тероризмот, но не одговорија на повиците од Стејт департментот да го намалат притисокот врз овој мал емират во Персискиот залив.

Откако ги прекина дипломатските врски со Катар, Саудиска Арабија соопшти дека е доследна на „одлучната и брза акција за прекинување на сите извори на финансирање на тероризмот“, пренесе државната новинска агенција SPA повикувајќи се на „службен извор“.

Во одвоена изјава од петокот Обединетите Арапски Емирати го пофалија „водството“ на американскиот претседател Доналд Трамп во барањето Катар да стави крај на поддршката на екстремизмот.

Трамп го обвини во петокот Катар за финансирање на тероризмот, додека Пентагон и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ја повикаа Саудиска Арабија и другите земји од Персискиот залив да ја ублажат блокадата на Катар, велејќи дека таа предизвикува несакани хуманитарни последици и влијае врз борбата против Исламската држава.

Саудиска Арабија, Египет, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Јемен и Либија во понеделникот последователно објавија дека ги прекинуваат дипломатските односи ги затвораат границите со малиот Катар кој го обвинуваат за поддршка на тероризмот, што овој емират пребогат со енергенси го отфрла.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.