Саудиска Арабија планира да ја отвори берзата за странски инвеститори

Саудиска Арабија планира да ја отвори берзаа за директни инвестиции од странски финансиски институции во првата половина од наредната година, изјавил тамошниот регулатор, вчера, пренесе Ројтерс.

Берзата во Саудиска Арабија е најголемата арапска берза во светот.

Отварањето на овој пазар, кој има капитализирано околу 530 милијарди долари, е еден од најжелно очекуваните економски реформи во најголемата нафтоексплоатирачка нација.

Како што објавија западните медиуми, предлозите кои кружат на разгледување кај Саудиските власти и кои треба да се изгласаат како реформа се слични на моделите на новите растечки пазари, каков што е примерот на Кина. На квалификувани странски инвеститори ќе им бидат доделени дозволи за тргување на берзата, ќе им бидат оредени квоти и лимити. Според еден сет на предлози, странските институции ќе треба да имаат најмалку 5 милијарди долари во имот за да можат да добијат дозволи за тргување, секој инвеститор не ќе може да поседува повеќе од 5 отсто од Саудиска фирма, и сите странски инвеститори заедно нема да може да надминат повеќе од 20 отсто сопственост.

Виш саудиски банкар рекол дека се очеува дека само една „шака“ – можеби 10 –дозволи за тргување ќе бидат иницијално издадени, и дека потоа бавно ќе се зголемува бројот на дозволи за да властите можат да го мониторираат влијанието на пазарот.

На богатите Саудиски компании не им се потребни странски пари, но според верувањето на властите, главниот бенефит од тоа ќе биде што  ќе се подобрува менаџментото и компаниите ќе се интернационализираат.

Странски инвеститори се проценува дека се сопственици на околу 15 отсто во други помали пазари во заливот, како што е Дубаи.

OB-CO410_gulf10_G_20081026193220