Саудиска Арабија потврди дека Кашоги е мртов

Саудиска Арабија објави дека новинарот Џамал Кашоги е мртов, но дека починал по тепачка во конзулатот во Истанбул, пренесува британски „Гардијан“.

Веста која ги наведува првичните наоди од официјалната истрага, беше објавена на националната телевизија на Саудиска Арабија. Во неа се соопштува оти избила физичка пресметка помеѓу Кашоги и луѓето со кои се сретнал во конзулатот, што довело до смртта на новинарот, кој беше познат по критичките текстови за саудиските власти.

 Саудијците исто така информираа дека функционерот Суад ал Катани, влиајтелен советник на принцот Мохамед бин Салман, како разузнавачот Ахмед ал Асири се разрешени од функциите. Уапсени се и 18 саудиски државјани.
Кашоги исчезна на 2 октомври кога дошол во конзулатот во истанбул за да среди документи потребни да се венча со својата партнерка, турска државјанка. Според неофицијалните информации, тој бил убиен и распарчен на делови од 15 припадници на безбедносните служби на Саудиска Арабија кои допатувале во Истанбул со таа намера.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.