Саудиска Арабија распоредила војска на границата со Ирак

Саудиска Арабија распоредила 30.000 војници на границата со Ирак, откако ирачките војници се повлекле од тоа подрачје.

Кралот Абдула наредил да се превземат сите неопходни мерки за да се заштити кралството од потенцијални „терористички закани“, пренел Ројтерс.

Саудиска Арабија, најголемиот светски извозник на нафта, дели 800 километри заедничка граница со Ирак, каде што екстремистичката сунитска група Исламска држава на Ирак и Левант ја превзема контролата во многу градови и села во јуни.

Ирачките сили на безбедност ги напуштиле своите положби на границата со Саудиска Арабија и Сирија, оставајќи бројни незаштитени подрачја.