Саудиската коалиција покрена воена операција во Јемен

Коалицијата на арапските сунитски земји предводена од Саудиска Арабија покрена воена операција северно од јеменскиот пристанишен град Ходеида против „легитимни воени цели“, извести во петокот саудиската државна телевизија TV Ekhbariya.

Колаицијата соопшти дека уништила четири локации коишто биле користени за составување бротчиња на даленско управување и поморски мини, со образложение да се заштити слободата на поморска пловидба.

Сунитската муслиманска коалиција, којашто ја поддржува Западот, интервенира во јеменскиот граѓански конфликт од март 2015 година против бунтовниците од јеменската шиитска заедница Хути и војниците лојални на поранешниот претседател кои ја протераа владата на претседателот Мансур Хади од престолнината Сана.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.