Саудиски фонд најави инвестиции од три милијарди долари во Ирак

Саудиски стабилизациски фонд основаше огранок кој ќе вложува во компании во Ирак со капитал од три милијарди американски долари, соопшти во четвртокот привремениот управител Мутеб Алшатари.

Инвестициската компанија за саудско-ирачки вложувања од еден од шесте ограноци кои саудискиот фонд го најави во регионите на Блискиот исток и северна Африка, зацртувајќи инвестиции и во Јордан, Бахреин, Судан, Оман и Египет.

Огранокот во Египет, основан ланскиот август, купи малцински удели во четири египетски компании кои котираат на берзата, во износ од 1,3 милијарди долари.

Во октомври фондот најави вкупно 24 милијарди долари вложувања во инфраструктурата, недвижнините, рударството, здравството, производството на храна и земјоделството, како и во индустријата и технологиите.

„Иранскиот огранок, меѓу другото, ќе вложува во инфраструктурата, рударството, земјоделството, недвижнините и финансиските услуги“, наведе Алшатари на состанокот на Саудиско-ирачкиот координативен совет.

Фондот моментално управува со сопственост во износ од 620 милијарди долари, а до 2025 година нејзината вредност би требало да надмине билион американски долари.